Славија одолеа на Камп Ноу

од Aleksandar Petrovski

Фудбалерите на Барселона непријатно ги изненадија своите навивачи откако одиграа без голови на „Камп Ноу“ против Славија Прага во 4. коло од Лигата на шампиони.

Избраниците на Ернесто Валверде уште еднаш разочараа и прашање е уште колку долго шпанскиот стратег ќе се задржи на клупата на каталонскиот гигант.

Славија одигра одличен меч, сите 90 минути играше дисциплинирано и Барселона не успеаја да го пронајде патот до мрежата.

На голот на гостите блескаше Колар, кој фати најмалку пет зицери на домашните супер-ѕвезди.

Лајпциг триумфира на гости кај Зенит со 0-2 и направи голем чекор кон осминафиналето. Дем пред самиот крај на првото полувреме погоди за водство, а Сабицер во вториот дел ја осигура победата на германскиот клуб.

Слични содржини