Случај „Атлантик“: Кривична за Палевски за објавување тајни документи од УБК

Откако утринава ОЈО објави дека е покренато обвинение против лице поради оддавање службена тајна, се огласи и Љупо Палевски.

Тој на социјалните мрежи објави видео, во кое објави дека неговото име е предмет на обвинението и појаснува за што се однесува истото.

„Мене нема да ме исплашите“, посочи Палевски во своето видео, во кое тврди дека ваквите наводи се однесуваат на документите објавени за „Атлантик“, но и обвини дека службите го прислушувале и ја злоупотребиле својата положба.

Слични содржини