Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека Пулс, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот, во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор.
На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите кои го следат процесот во судницата.
Бранителот на Деко, адвокатката Ивана Коцевска, со оглед дека обвинителството се уште не се произнело по предлогот за замена на притворот со мерка куќен притвор, поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба побара судот како што вели, „да покаже малку човечност и хуманост.
-Барам судот да покаже малку човечност и хуманост. Кој било друг човек да беше обвинет во ваква здравствената состојба немаше да продолжи во притворски услови и молам одлуката да биде донесена без пространост и влијание од јавноста, рече неговата адвокатка Коцевска.
Обвинителството во однос на предлогот на првообвинетиот рече дека ќе се произнесе писмено дополнително, со оглед дека одбраната доставила дополнителна медицинска документација.
-Ако ептен инсистира одбраната сега да се произнесеме, даваме негативно мислење, затоа што од затворскиот лекар имаме мислење дека таа терапија може да му се пружи во притворски услови, изјавија од Обвинителството.