СНЕГОТ ПРОБЛЕМ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Сообраќајот се одвива отежнато на автопатот Тетово-Гостивар (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Поради снегот тешко прооден е автопатот Тетово – Гостивар.Сообраќајот се одвива отежнато поради неисчистениот пат.

Според информациите на СВР Тетово, во овој регион има проблеми во одвивањето на сообраќајот и се прават напори да се нормализира сообраќајот, а полициски службеници кои се на терен го регулираат протокот на возила.

Од АМСМ информира дека поради обилни врнежи од снег во 08:25ч. се воведува забрана за движење на тешки товарни возила, камиони и автобуси на патниот правец Р 1209  Тетово – Попова Шапка.

За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Слични содржини