СНИМКА од Грција која ќе ве разнежни: Маж ѝ помага на птица на Крит

од Stefanija Kuzmanovska

На Инстаграм страната nikana.gr објавено е видео од хуманост кон птица која се свиткала покрај патот поради екстремните горештини во Грција.

На видеото, за кое се вели дека е снимено во неделата на Крит, се гледа како човек прво во чаша му подава вода на џиновски мршојадец, а потоа ја освежува птицата со прскање со вода по главата и пердувите.

„Да им помогнеме на животните. Оставете сад со вода во близина на зградата, куќата, до улицата… И онака ние сме виновни што тие страдаат без вода“, се наведува во објавата што го придружува ова видео.

Слични содржини