Со мотор излетал од патот, 27-годишник итно пренесен во болница

од Берта Китинска

Моторциклист е тешко повреден откако вчера излетал со својот мотор од патот во близина на Крива Паланка.

-На 11.04.2021 во 13.00 часот на пат во с.Градец, на место викано „Мизовски ливади“, во непосредна близина на Стара база во Крива Паланка, мотоцикл „хонда“, без регистарски ознаки, управуван од Т.И.(27) од Крива Паланка, изгубил контрола и паднал на патот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни поврди, констатирани во Здравствен дом Куманово, информираат од МВР.

За незгодата бил запознаен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од Полициска станица Крива Паланка.

Слични содржини