Со правилна нега заштитете ја кожата во зима

од Elena Daskalova

Сувиот воздух, ветерот и студот може да ја исушат кожата и да предизвикаат одредени иритации и тоа кај најголем дел од луѓето е неизбежно.

Затоа е потребно да ја негувате и надворешно, но и да го адаптирате животниот стил, за да може да биде здрава и негувана однатре.

Ова се неколку практични совети кои ќе ви помогнат да ја заштитите кожата на лицето и телото во текот на зимските месеци:

Хранете се квалитетно

И внатрешната нега е важна за здравјето и обновувањето на кожата. Затоа треба да внесувате храна богата со омега 3 масни киселини, како и со здрави маснотии, кои ги има во рибата, јајцата и авокадото.

Гел за туширање

Евтините гелови за туширање често се вештачки обоени и парфимирани, а тоа може да ја исуши кожата. Запомнете, кога е негата во прашање, не е паметно да размислувате како за помалку пари да добиете поголема количина козметички производ.

Паметно туширање

Дури и кога премногу ви студи, туширањето со претопла вода е лоша идеја, иако во прв момент звучи доста примамливо. Освен ако не се работи за целосно капење, дневното туширање ограничете го на најмногу 10 минути.

Прилагодена нега на лице

Во зима избегнувајте ги тониците и геловите за миење кои содржат алкохол. Одберете витамински креми според типот на вашата кожа, внесете серум во секојдневната нега, соодветна крема за околу очите и секако, не заборавајте да инвестирате во квалитетен балсам за усни.

Слични содржини