Со сума од 600.000 евра ќе се решат прашањата поврзани со воените инвалиди од 2001, вели Ангелов

од Nikola Popovski

Претседателот на Достинство, Стојанче Ангелов денес на прес-конференција ја информира јавноста за одржаната средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски како и разговорот со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во врска со напредокот на Иницијативата за праведно обесштетување на четворица ранети, повредени и трауматизирани Бранители од 2001-та кои со камата го враќаат назад на државата земениот паричен надоместок на нематеријална штета.

-Во понеделник повторно пред Владата ќе ја претставиме нашата инцијатива и доколку таа „не помине на Влада”, ќе поднесеме Предлог закон во Собранието. Воедно ја информиравме јавноста за нашата втора иницијатива со која треба да се исправи големата неправда кон 17 семејства на загинати бранители како и кон триесетина воени инвалиди од 2001-та, кои сеуште немаат добиено праведен надоместок на нематеријална штета, изјави Ангелов на прес-конференцијата.

Тој посочи дека со сума од 500 до 600 илјади евра, државата ќе ги реши прашањата поврзани со воените инвалиди и семејствата на загинатите од 2001 година.

Слични содржини