Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС на ОБСЕ

од Stefanija Kuzmanovska

Пратениците Владимир Ѓорчев, Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на македонското Собрание во ПС на ОБСЕ денеска и утре во Виена ќе учествуваат на зимската сесија на ПС.

Како што соопшти собраниската прес-служба, во агендата на ова заседание на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, следено со прашања и одговори и ќе биде дебатирано за решавање на долготрајните конфликти: алатки и механизми на ОБСЕ (прва комисија), Безбедносните последици од климатските промени и улогата на парламентарците (втора комисија), Мултилатерализам во акција: Меѓународна соработка за човекови права (трета комисија) и за претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што ќе се одржи од 3 до 7 јули 2020 година во Ванкувер, Канада.

На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе им се обратат Волфганг Соботка, претседател на Националниот совет на Австрија, Георге Церетели, претседател на ПС на ОБСЕ, Еди Рама, претседавач на ОБСЕ и премиер и министер за надворешни работи на Албанија и Томас Гремингер, генерален секретар на ОБСЕ.

Слични содржини