Софија му врачи протестна нота на амбасадорот Крастевски поради пожарот во „Иван Михаилов“

од Vladimir Zorba

Бугарското МНР му врачи протестна нота на привремениот шеф на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, Владимир Крастевски, поради палењето на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола.

„Палењето на културниот центар на Бугарите во Битола е уште една провокација, дел од долгогодишната антибугарска кампања во Северна Македонија“, се вели во ставот на претседателот на земјата Румен Радев.

Сигналот за пожарот во центарот за култура бил даден околу 5 часот утринава.

Властите во земјава велат дека станува збор за „намерно палење“ и „вандалски напад“.

Македонскиот државен врв најостро го осуди инцидентот.

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на лице место го посети центарот и се запозна со штетите.

Истрагата за случајот продолжува.

Слични содржини