Солени палачинки со спанаќ и сирење (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Солените палачинки се едноставен и одличен избор на оброк кој може да се конзумира дури и за ручек, но многумина ги избегнуваат во лето од страв дека ќе им бидат претешки за стомакот. Порталот „Среќна Република“ затоа ви носи малку полесна варијанта во која ќе уживаат сите.

Состојки:

(за 8 палачинки)
50 гр стопен кашкавал
150 гр фета сирење
350 мл кисела павлака
150 гр листови спанаќ
презла
една лажица путер
2 јајца
100 гр рендан кашкавал
сол
бибер

Подготовка:

Изматете ги палачинките и испечете ги како и обично. Растопениот кашкавал, фетата и 150 мл павлака се мешаат, па се додава сечканиот спанаќ и се меша. Огноотпорниот сад намачкајте го со путер, додадете ја презлата, па во него наредете ги палачинките кои претходно сте ги наполниле со смесата од спанаќ, сирење и кашкавал.

Изматете ги јајцата, додадете сол и бибер, па соединете. Во јајцата додадете ги преостанатите 200 мл павлака и соединете ја смесата. Со неа премачкајте ја секоја палачинка, а врз нив посипете рендан кашкавал. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени и печете околу 20 минути. По печењето оставете да се излади, па послужете.

Слични содржини