СОНК и МТСП го затворија штрајкот и преговорите, потпишани измени на колективниот договор

од Nikola Popovski

Претставниците на МТСП и СОНК денес ги потпишаа измените на колективниот договор со кои се регулираат исплатата на платите за време на штрајк.

-Беше донесено решение со кое што се согласија двете страни за платите во детските градинки и образованието да се зголемат за 15%. Последното е отпочнување на процесот за нов колективен договор и после 24-ти мај започнуваме со работните групи. До крајот на месец мај ќе се донесе новиот колективен договор, што ќе значи дополнителни права на вработените во дејноста образование и детските градинки, рече министерката Јованка Тренчевска.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска информира дека е затворен процесот со платите на вработените во градинките.

-МТСП и министерката имаа разбирање за нашите барања и во целост овој процес на штрајк и преговори конечно е затворен, рече Неделков на прес-конференцијата.

 

Слични содржини