Сопругата на полицаецот кој го уби Флојд е згрозена: Веднаш поднела барање за развод (фото)

од Nikola Popovski

САД се на нозе поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен од полицискиот службеник Дерек Човин.

Низ целата земја избувнаа масовни протести, кои се претворија во немири во многу градови, а сопругата на обвинетиот полицаец, Кели Човин, поднела барање за развод.

Нејзиниот адвокат потврдил дека таа одлучила да го стори тоа по 10 години брак.

Кели изразила сочувство до семејството на жртвата Џорџ Флојд, а потоа побарала приватност.

„Иако нема деца од бракот со Човин, таа бара од своите деца, родителите и поширокото семејство да им се обезбеди безбедност и приватност во овој период“, изјавил адвокатот.

Да потсетиме, Дерек Човин е обвинет за убиство од трет степен.

Мајк Фримен, обвинител од округот Хенепин, потврдил дека е поднесено обвинение и не ја исклучи можноста дека против Човин ќе бидат поднесени повеќе обвиненија. Доколку биде осуден, тој се соочува со најмалку 25 години затвор.

„Тој е обвинет за убиство и моментално во притвор. Имаме докази, видеа на очевидци кои ги прикажуваат ужасните сцени, снимки од камерите кои полицијците ги носеле на униформите, изјави од сведоци“, рече Фримен.

За време на неговата кариера, против Човин имало дури 18 пријави и бил вклучен во неколку проблематични случаи во кои настрадале осомничените, претежно членови на малцинствата.

Слични содржини