Состојбата е пата-пата, има само еден начин за предвремени избори

од Берта Китинска

Откако претходнава недела пропадна обидот на опозициските здружени сили да состават парламентарно мнозинство и да ја урнат Владата, постојат големи надежи дека неделава ќе се најде излезот од актуелната политичка криза.

Претседателот Стево Пендаровски смета дека треба да се почека од понеделник да се види како ќе се развива ситуацијата по неуспешниот обид за гласање недоверба на Владата.

– Јасно е дека состојбата сега е пата-пата. Да видиме дали од понеделник ќе се формира ново, ќе се обнови постојното или ќе се зголеми ова мнозинство што е досега. За одржување лидерска средба треба взаемна согласност и од власта и од опозицијата, а постои само еден начин за распишување предвремени парламентарни избори – пратениците со 61 глас „за“ да го распуштат Собранието – изјави шефот на државата.

Слични содржини