Совет до Де Лихт: Оди во Јунајтед, а потоа во Барса

од Vladimir Zorba

Придружбата на капитенот на Ајакс, Матаис де Лихт го советувала да не погледнува кон варијантите меѓу Барселона и Пари Сен Жермен и да се ориентира кон трансфер во Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите во Шпанија. Иднината на 19-годишниот централен дефанзивец е се уште нејасна, а шпекулациите циркулираат од едната до другата крајност.

Токму Барселона, ПСЖ, Јувентус и дел од англиските гиганти се поврзувани со трансфер на тинејџерот. Сепак шпанскиот новинар Орион Доменек зборуваше пред каталонско радио дека блиски луѓе до Де Лихт го советувале да се приклучи на Јунајтед, а потоа да отиде, во понатамошната фаза од кариерата, во Барселона.

Стравувањата на советниците се дека Де Лихт тешко ќе најде место на „Камп Ноу“ во конкуренција на Жерар Пике, Клеман Ленгле и Семјуел Умтити. Токму затоа е полесно да се вкорени во стартните 11 на англискиот клуб и по три години да премине во актуелниот шпански шампион.

ПСЖ, од друга страна, е чекор предсите во преговорите со дефанзивецот, кој оваа година освои домашен „дубл“ со Ајакс.

Слични содржини