Спасовски до ВМРО-ДПМНЕ: Погледнете го Зијадин Села кога ќе седне до вас и потсетете се на сликите од 27 април

од Nikola Popovski

Покажувајќи фотографии од собраниската говорница, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски покажа човек кој како вработен во МВР на снимка се гледа како шмрка кокаин, а седи со претседателот на ВМРО во Прилеп.

„Тоа е истиот оној со којшто заедно ја поднесовте интерпелацијата….или седи заедно со бившиот градоначалник на Прилеп. Е тоа е неказнивост! И непринципиелност! Да се гласа, да се поднесува интерпелација заедно со оние луѓе коишто ја направија оваа слика во Собранието на 27 април?! Кога ќе говорите за принципиелност, погледнете го Зијадин Села кога ќе седне до вас, и тогаш можеме да зборуваме за принципиелност во однос на настаните“, изјави министерот во Собранието, по поднесената интерпелација од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на аферата Двојник, Спасовски потенцира дека има уапсени луѓе и поднесени кривични пријави.

„Можам да одговарам доколку ги гледаме, а не ги апсиме оние коишто шверцуваат дрога, оружје, мигранти итн. Можам да одговарам, исто така, ако не ги користам парите на даночните обврзници, така како што вие сте пропишале во Буџетот, како Собрание, а не ги подобруваме условите за работа и сл. Значи, ако треба да се одговара, треба да се понесе одговорност во моменти кога навистина од некаков намерен, па дури и ненамерен пропуст вие тоа го правите“, рече министерот.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната собраниска седница на која се расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, обвинувајќи го претседателот на Собранието, Талат Џафери дека не им дозволил да дискутираат и најавија дека и нему ќе по поднесат интерпелација.

Слични содржини