Спасовски хоспитализиран на Инфективната клиника поради висока температура

од Берта Китинска

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника, поради висока температура, потврдуваат од МВР за Локално.

„Министерот  од вчера е на Инфективната клиника поради висока температура. Неговата состојба сега е стабилна“, информираат од МВР з .

Министерот пред неколку дена на својот Фејсбук профил објави дека и покрај строгото почитување на мерките добил позитивен тест.

„Мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“, напиша Спасовски.

Слични содржини