Спасовски: Мора да се избере директор на ОТА за контрола на службите

од desk4

 Во 2017 имавме чувствителен период, граѓаните ја изгубија довербата во полицијата и поради аферата со прислушувањето и настаните во Собранието од 27 април, но напорно работевме, да ја зголемиме транспаретнтноста и да го поправиме рејтингот. Мојот став е дека треба апсолутно треба се да им се соопштува на граѓаните, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој гостува во емисијата „Неделен печат“ со Сашо Ордановски на 1ТВ. Спасовски вели дека во последните две години се бележи намалување на стапката на криминалитетот, како и во сообраќајот.

Според првиот човек на полицијата најважна реформа е во безбедносните служби и за системот за следење на комуникациите.

-Очекувам многу скоро да се најде решение за нов директор на ОТА. 14 кандидати се пријавени. Нашата цел е тоа да бидат експерти. Има потенцијал во досегашните кандидати, тоа не се политички определени лица, вели Спасовски.

 Тој додаде дека за неколку денови очекува да се избере, новиот директор на ОТА. Вели дека разговарале со опозицијата, и веќе се во фаза за давање предлози за системот во следење на комуникациите.

-Мора да се воспостави систем за реформа на безбедносните служби, и од опозицијата се свесни за важноста, изјави министерот.

Во однос на информациите за руско мешање во внатрепните работи на Македонија, преку грчки бизнисмени Спасовски вели дека замрзнатите конфликти Македонија почна да ги топи, и од тој аспект постојат сили кои се спротивставуваат на македонското влегување во НАТО.

-Останувам на ставот дека истрагите не треба да се водат во медиуми, службите постојано работат. Институциите се на ниво, безбедносни предизвици секогаш постојат, но нема нешто што може да не загрижува, тврди Спасовски.

Околу спроведувањето на договорот со Грција и најавениот референдум Спасовски смета дека мораме да дојдеме до разрешница во политичките процеси.

-Се надевам дека опозицијата ќе биде разумна дека во моментот се работи за иднината на Македонија, а членството на македонија во ЕУ и НАТО треба силно да биде поддржано од сите политички чинители. Треба да имаме јасен став ако сакаме да ги стигнеме роковите за одржувањето на референдумот, сите се залагавме за тоа, вклучително и опзоцијата, вели министерот Спасовски.

Слични содржини