Актуелно
Почетна / Македонија / Спасовски: Со владина одлука не може да се промени важноста на пасошите

Спасовски: Со владина одлука не може да се промени важноста на пасошите

Законот за патни исправи утврдува колкава е важноста на секоја исправа и со одлука на Влада не може да се промени законскиот текст, посочи денеска премиерот Оливер Спасовски, кој рече дека воопшто не е проблем да свика владина седница за пасошите и оти се бараат решенија, но повтори дека во целата ситуација најважен е менаџментот.

-Има две можни решенија за проблемот со недостиг на обрасци за пасошите за граѓаните, истакна тој денеска на заедничката прес-конференција со претседателот на парламентарната група „Renew Europe“, Дачиан Чолош, одговорајќи на новинарско прашање дали ќе закаже вонредна седница за патните исправи, што го побара министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Имаме две можни решенија – едното е разговор со фирмата, која е добавувач да го направи тоа што е можно побрзо и на начин на кој ќе придонесе целата оваа работа да се преброди во целиот период, а тоа мора да оди заедно со менаџирање на состојбите внатре. За второто решение, тука воопшто не е проблем свикување седница на Владата, проблемот е што законот за патни исправи утврдува колкава е важноста на секоја исправа и со одлука на Влада не може да се промени законскиот текст. Тука е клучна анализата што Владата ја прави, направени се консултации со клучните партнери, со Фронтекс и во целиот овој процес очекуваме да се најде решение кое ќе помогне, но менаџментот е број еден, нагласи Спасовски.

Седумдесет и седум барања биле разгледани на првиот состанок на Комисијата во Министерството за внатрешни работи завчера, формирана од техничкиот министер Чулев, за решавање на проблемот со недостиг на обрасци за пасоши, а од нив треба да се одлучи кои ги исполнуваат критериумите за да бидат процесуирани по итна постапка. Ова е едно од привремените решенија за издавање на патни исправи за пријавените околу 15 илјади граѓани. Преостанати се околу 4.900 обрасци за пасоши, а се чека новата пратка од 100 илјади обрасци од Веридос, која Чулев ја најави за 24 март.

Чулев предложи Владата да усвои методологија со која со печат и со испраќање нота до државите во светот ќе се пролонгира важењето на пасошите се до моментот на пристигнување на нови патни исправи. Чулев уште истакна дека овој период мора да се распише меѓународен тендер за 10-годишно решавање на проблемот со издавање лични доклументи. Нагласи дека на 24 март или порано треба да пристигнат 100 илјади обрасци за пасоши, а другата пратка се очекува да пристигне септември или октомври годинава.

loading...