Спиете на стомак? Откако ќе го прочитате ова ќе престанете

Научниците се сложуваат дека спиењето на стомак е лошо бидејќи може да предизвика болки во вратот, грбот и рамената, но и главоболки.

Кога спиете на стомак мора да ја свртите главата лево или десно, поради што вратот цела ноќ е во неприродна позиција. Поради тоа се намалува протокот на крв во главата и вратот, што може да предизвика болки.

Доколку баш мора да спиете на стомак, набавете си перница со дупка во средината, наменета за тоа. Таа ќе ви овозможни правилно да дишете и вратот ќе ви биде исправен.

Спиењето на стомак прави притисок на ‘рбетот и го оневозможува правилното порамнување на лигаментите, мускулите, коските и зглобовите.

Спиењето на стомак или на десната страна може да предизвик гастроезофагелен рефлукс (ГЕРД) или да го влоши. тоа се случува кога киселината од желудникот доаѓа во хранопроводот. Вентилот кој го спречува враќањето на киселината од желудникот не може да го контролира рефлуксот поради гравитацијата во таа положба, а содржината од желудникот стигнува до хранопроводот што предизвикува подригавица, болка, киселкаст вус во устата, лош здив, а понекогаш и болка во градите.

Спиењето на едната страна на лицето е неизбежно кога спиете на стомак. Студиите покажале дека притисокот од перницата со текот на времето влијае врз создавањето на длабоките брчки на лицето.

Најдобрата позиција за спиење е на грб, заклучиле германските експерти и додале дека спиењето на страна е средно прифатлива варијанта.

Слични содржини