Спилберс се откажа од режирање на петтото продолжение на Индијана Џонс

Стивен Спилберг донесе одлука дека нема да го режира петтото продолжение од познатата франшиза започната уште пред 39 години, филмот Идлијана Џонс и кидаперите на изгубениот ковчег.

Спилберг одлучи режијата да ја довери на младиот колега со намера приказната да добие нова перспектива, пренесува Варајети. Се претпоставува дека тоа би можело да биде Џејмс Менголд, режисер на моменталниот хит, Форд против Ферари, а Спилберг останува како продуцент и некој кој ќе му биде при рака.

На почетокот на месецот, Харисон Форд потврди дека ќе има петто продолжение и дека снимањата ќе започнат со снимање на лето. Форд по петти пат ќе го глуми познатиот археолог.

Гостувајќи во емисијата на утринската програма на CBS, Форд зборувал за носталгијата која ја чувствува кон овој серијал.

– Тоа што ќе имаме прилика да снимиме уште едно продолжение, значи дека луѓето уживале во него. Чувствувам должност и овој филм да го направиме подеднакво амбициозно како кога започнавме – рекол Форд.

Инаку филмот, првобитно уште во 2016 година, го најави компанијата Дизни, но поради некоја причина постојано го одложуваа. Сценаристот Дејвид Коеп, кој го работеше последното продолжение, пред две години одлучи да го напушти проектот. Од петтото продолжение се откаже и еден од творците, Џорџ Лукас, па така сите се сомневаа во успехот на продолжението.

Датумот на излегување на Индијана Џонс 5 не е најавен, но извесно е дека премиерата ќе биде во 2021 година.

Слични содржини