Список на намирници кои не треба да се ставаат во фрижидер – ќе го изгубат вкусот

од Stefanija Kuzmanovska

Чувањето на некои намирници во фрижидер може да предизвика повеќе штета отколку корист. На пример, медот може да стои засекогаш на собна температура, но во фрижидер само ќе се стврдне и ќе ја уништи структурата.

1. Домат

Доматите всушност го губат вкусот во фрижидер. Ладниот воздух го запира процесот на зреење, што на доматите им дава најдобар вкус. Стоењето во фрижидер исто така може да го промени вкусот на доматите, па затоа е подобро да ги чувате во корпа на собна температура.

2. Босилек

Ако го ставите во фрижидер, не само што брзо ќе овене туку и ќе ги впие сите мириси околу него. Подобро е да го чувате како цвет во малку свежа вода.

3. Лук

Поради чувањето во фрижидер, лукот на крајот ќе стане гумен. Подобро е да се чува на ладно и суво место.

4. Компири

Студот од фрижидерот го поттикнува скробот во компирот да се претвори во шеќер, па може да завршите со слатки компири. Најдобро е да го чувате на ладно (но не премногу ладно) и темно место. Платнените или хартиените кеси со дупки се подобри бидејќи повеќе „дишат“ од пластичните.

5. Црн кромид

Со текот на времето, поради студениот воздух во фрижидерот, тој ќе почне да ослободува влага и ќе стане мек и мувлосан. Чувајте ги надвор во корпи, но не во близина на компирите затоа што меѓусебно се поттикнуваат да скапуваат побрзо.

6. Мед

Медот нема рок на траење и може засекогаш да се чува на собна температура доколку е добро затворен. Во фрижидер може само да се стврдне, а шеќерот ќе се кристализира (ако е шеќер) и ќе ја уништи структурата.

7. Авокадо

Ако сакате вашето авокадо да созрее, не чувајте го во фрижидер. Најдобро е да го чувате во хартиени, кафеави кесички, а ако сакате да го поттикнете созревањето, ставете со него домат, јаболко или банана.

8. Леб

Фрижидерот брзо би го исушил лебот, а доколку имате премногу и сакате да го зачувате, подобро е да го исечете на парчиња и да го ставите во замрзнувач. Свеж леб е подобро да се чува надвор, на собна температура.

9. Маслиново масло

Ова вредно масло треба да се чува на темно, ладно место, но не во фрижидер, бидејќи таму би му се променила конзистентноста и од течност би се претворила во густа маса, како путер.

10. Кафе

Ако го оставите во фрижидер, ќе ја изгуби својата арома и ќе ги преземе останатите околу себе. За да остане свежо, најдобро е кафето да го чувате на полици во кујната каде е темно и добро затворено.

Слични содржини