Србија го обнови поштенскиот сообраќај со Северна Македонија

од Берта Китинска

Поштата на Србија го обнови меѓународниот поштенски сообраќај со Северна Македонија, соопштија од ова јавно претпријатие на својата веб-страница.

Коко што јави дописникот на МИА од Белград, во соопштението се додава дека приемот и испораката на писма, EMS пратки и пакети се врши и на 55 дестинации низ целиот свет.

Во врска со меѓународниот трансфер на пари, Поштата на Србија, во согласност со Упатството на Народната банка на Србија, им овозможи на корисниците на возраст од над 65 години меѓународниот трансфер на пари (меѓународен поштенски налог, MoneyGram и Western Union) да го примат со плаќање на овластено лице со давање на еднократно полномоштво или со плаќање пари на домашната адреса на примателот.

.

Слични содржини