Србија: Нов пад во бројот на лица заразени со коронавирус

од Nikola Popovski

Во изминатите 24 часа, во Србија 1.787 лица биле заразени со коронавирус, при што починале 35 граѓани, соопшти тамошното Министерство за здравство. 229 пациенти се приклучени на респиратори, а тестирани се вкупно 8.845 лица.

Најголем број на новоинфицирани има во Белград – 545.

Претходниот ден, 2.882 лица биле заразени со коронавирус, а 39 лица починале.

 

Слични содржини