Средба на „Вајмарската тројка“ в петок: Шолц, Маркон и Туск ќе ги пеглаат разликите околу Украина

Намерата на тројцата лидери е овој состанок да биде демонстрација на единство по затегнатиот период во текот на кој несогласувањата меѓу Франција и Германија по прашањето на Украина прераснаа во отворена кавга.

од Бети Божиноска

Францускиот претседател емануел Макрон в петок ќе отпатува во Берлин на средба со германскиот канцелар Олаф Шолц во обид да ги намали тензиите околу конфликтот во Украина што испливаа на поврзшината во последните неколку недели, пишува „Политико“.

На двајцата лидери во текот на денот ќе им се придружи и полскиот премиер Доналд Туск и ова ќе биде прв состанок на „Вајмарската тројка“ откако Туск се врати на премиерската функција во декември.

Намерата на тројцата лидери е овој состанок да биде демонстрација на единство по затегнатиот период во текот на кој несогласувањата меѓу Франција и Германија по прашањето на Украина прераснаа во отворена кавга. Сепак, не е јасно како додавањето на Туск во разговорите за Украина ќе помогне да се испеглаат долгогодишните несогласувања меѓу Шолц и Макрон.

За потсетување, до ескалација на тензиите меѓу Берлин и Париз дојде при крајот на февруари, кога Макрон изјави дека не треба да се исклучи како опција испраќањето трупи во Украина и се саколна дека „ќе стори се што е потребно за Русија да не победи“.

Набрзо потоа Шолц му одговори дека нема да се случи никакво испраќање копнеи трупи од ЕУ. Неколку дена подоцна, Макрон навидум директно му одговори на Шолц.

„Европа очигледно се соочува со момент во кој ќе биде потребно да не биде кукавица,“ истакна тој во текот на својата посета на Прага.

Во расправата потоа се вклучи и германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, кој изјави дека коментарите на Макрон „навистина не помагаат за решавање на прашањето на испорака на помош за Украина“.

Некои германски претставници укажаа и на тоа дека и покрај острите изјави на Макрон, Франција не дала ни приближно околку воена помош колку што донирала Германија. Германскиот институт „Кил“, кој води сметка за националните придонеси за воените напори на Украина, ја рангира Франција како „земја што заостанува“ со даадени 640 милиони евра воена помош во споредба со Германија, која обезбеди или вети 17,7 милијарди евра.

Париз ги демантираше податоците и истакна дека тие донираат оружје „што е навистина важно“.

Слични содржини