Средувањето на медиумите никогаш не биле приоритет на политичарите. Нејасно е зошто толку дилеми и јад од новинарскиот еснаф, па толкувања кој што рекол и што била пораката.  Средени медиуми платени новинари  никогаш не била ниту цел ниту обврска на газдите  и сопствениците, тоа било само алатка за правење пари и стап за тепање на масата а за возврат тендери и бизниси, и пак пари. Медиумите стандардите, професионалноста се обврска , приоритет пред се на тие кои  ја работат професијата. Одбрана од злоупотребите кршењето на професионалните и работничи права обврска на нивните вистински избрани професионални  организации и синдикат, Успехот е во тоа колку ќе се изборат-обединат за да добијат и услови, достоинство и сигурност,  плата ,стандарди и респект.mikrofono-novinarstvo

Тоа обединувањето околу стандардите е малку потешко и току поради тоа  двете најголеми,  Здружението на новинари на Македонија и Македонската асоцијација на новинари излегуваат со различни коментари за ставот на ВМРО – ДПМНЕ и амбасадорот на САД, Џес Бјели во врска со реформите во медиумите.  Многу логично ЗНМ важат  за најстара организација која ги претставува новинарите кои се борат за стандардите, МАН се новокомпонирани  кои важат дека се  интересџиите кои ја употребуваат новинарската професија.

Здружението на новинари на Македонија истакна дека реформите во медиумите треба да се спроведат и дека ова е дел од Договорот во Пржино. Претседателот на здружението, Насер Селмани рече дека без сериозни реформи, нема подобрување во известувањето на медиумите за време на изборната кампања. Реакцијата на ЗНМ доаѓа по изјавата на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски и амбасадорот на САД, Џес Бејли во врска со дилемите за тоа дека медиумите повеќе не се приоритет во преговорите помеѓу партиите.

“Згрозени сме од  изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и изјавата дадена од амбасадорот на САД, Џес Бејли. Денеска побаравме службен одговор од американската амбасада и Европската комисија во Скопје, да ја разјаснат нивната позиција во врска со реформите во медиумите кои треба да се направат пред одржување на предвремените избори .”, изјави Насер Селмани од ЗНМ. Според него, четирите политички партии и меѓународните претставници кои го ставиле својот потпис на договорот од Пржино, треба да го почитуваат и да ги спроведат сите точки кои произлегуваат од него.

Од МАН преку писмен одговор за ТВ21 истакнуваат дека во Македонија постои закон за медиуми со европски квалитет и препорака.

“Ниту една релевантна препорака, и ниту една релевантна европска институција, задолжена за медиумите, досега не изнела елаборат за потреба на нов закон ниту соодветен предлог закон на кој ќе и претходи сериозна анализа и елаборат. Во склоп на препораките на Прибе, потребна е либерализација и реформи во медиумите, што подразбира намалување на притисоците и казни за медиумите и новинарите, стабилен и правно гарантиран статус на новинари и уредници и заштита на медиумите од насилство и притисоци од страна на политичките партии. Фактите говорат дека најмногу насилство и притисоци врз новинарите и медиумите во последните години се вршат од СДСМ.”, изјавија од МАН.mikrofono-novinarstvo

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, веднаш по одлагањето на изборите изјави дека ништо повеќе нема ни отстапки ни менувања ни медиумски реформи.

СДСМ рече дека че бараат и натаму средувања на медиумите, по онаа што се нивни барања  и предлогот на Ванхојте.

Јоханес Хан и Ричард Ховит своите ставови за медиумите ги изнесоа преку Твитери порачаа:

“Пржинскиот договор е жив. Сите партии треба да учествуваат, да помагаат во подготвување на веродостојни избори, да притиснат за реформи во медиумите.”, твитна Хан.

Европскиот пратеникот, Ричард Ховит, кој беше дел од вчерашните обиди за постигнување на договор помеѓу политичките партии, подвлече дека реформите во медиумите уште се дел од изборниот процес.

“Медиумските реформи уште се дел од изборниот процес и потребно е многу работа ако сакаме да имаме веродостојни избори.“, твитна Ховит.

Американскиот амбасадор Џес Бејли рече дека слободата на медиумите зависи од тоа како новинарите ќе известуваат, колку ќе го почитуваат етичкиот кодекс и етичкото известување за време на изборите.

НА крајот , или на почетокот доаќаат и новинарите. Тие сега треба не само да  се покажат туку да кажат што сакаат од новинарската професија. Професорите кои ги учат студентите на големината и вредностите на оваа професија се скриени  и молчат. Здруженијата и фронтмените на медиумската заедница сега треба да бидат гласни и јасни . Треба да се (по)каже  дали и натаму ќе се сведеме на очекувањата како тоа политичарите ќе не средуваат, толкуваат, употребуваат, или ќе  се избориме  за достооинствена и респектабилна професија,  стандарди , ќе ги застапуваме интересите  на јавноста и сега новитетот- кредибилно информирање, или ќе бидеме мегафон и  алатка на политичарите. Мислам дека тоа сакаше да го каже Бејли и твитерџиите – Ништо не е завршено одработете си сами и покажете се не со зборови и потпишани ветувања туку со информирање и вистинити информации

Ад

Слични содржини