Српски ресторан дели бесплатна порција скара на вакцинираните против Ковид-19 (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Вакцинирајте се против Ковид-19, а за возврат ќе ве послужат со порција вол на ражен или гулаш и тоа во српскиот град Крагујевац.

Сопственикот на ресторанот Ставро Рашковиќ во вторникот понуди популарно локално јадење како негов начин за промовирање на вакцинацијата и залагањето за целосно отворање на рестораните, кафулињата и баровите во земјата, кои ќе можат да ги служат гостите само на терасите.

Карантините во 2020 година и ограничувачките мерки годинава ја доведоа кафеаната „Библиотека“ на работ на преживување, рече Рашковиќ додека десетици луѓе стојат во ред за вакцинирање и порција месо на скара.

„Нашата трговија и угостителство се сериозно погодени, а ако вакцинацијата е излез, тогаш сакаме да придонесеме“, додал тој.

Локалните здравствени власти го претворија ресторанот во центар за вакцинација со Фајзер/Бионтек и кинеската Синофарм.

„Денес на менито имаме вакцини и од исток и од запад, за сечиј вкус “, изјавил Рашковиќ.

Србија започна кампања за вакцинација во декември минатата година, дозволувајќи им на луѓето да изберат вакцини од Фајзер / Бионтек, АстраЗенека/Оксфорд, Спутник V и Синофарм.

Бане Јајиќ, 63-годишник од Крагуевац, ја пофалил идејата на Рашковиќ додека уживал во чинија говедско месо и пиво. „Еден ден, некој ќе рече чичко Бане бил вакциниран овде“, вели тој.

Околу една третина од седум милиони Срби примиле барем една доза од вакцина. Ковид-19 во Србија досега уби 6.456 лица, а заразени беа 694.473 лица.

Слични содржини