Српското министерството за образование се огласи во врска со трагедијата во градинката

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за образование Бранко Ружиќ во свое име и во име на вработените во Министерството изразува големо жалење и упатува сочувство до семејството за смртта на момчето (4) од Владичина Хан, кое проголта желад во градинка, по што и покрај сите напори на лекарите во Универзитетската болница во Ниш, починалo.

-Со големо жалење и тага ве известуваме дека почина момче на возраст од четири години и три месеци од ПУ „Пчелица“ од Владичини Хан, се наведува во соопштението на министерството за образование.

Се додава дека инспекција е на терен:

– Просветната инспекција е на терен, вклучени се и полицијата и обвинителството, а истрагата ќе ги утврдува околностите на овој настан.

Слични содржини