Стајлинг од над 3.000 евра: Кејт Мидлтон блесна во својата омилена боја (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кејт Мидлтон неодамна, придружувана од нејзиниот сопруг принцот Вилијам, присуствуваше на настан во Лондон.

Како и секогаш, посебно внимание привлече нејзиниот стајлинг, кој и овој пат беше беспрекорен.

Принцезата за оваа прилика избра комплет, јакна и панталони во црвена боја, за која се вели дека ѝ е омилена боја.

Сè комплетирала со чевли и чанта во иста боја, додека одбрала обетки во беж и златни тонови.

Комплетот што го носеше принцезата го носи потписот на познатиот бренд „Александар Меквин“, а како што може да се види на веб-страницата, Кејт за сакото потрошила 1.590 долари, што е нешто повеќе од 1.460 евра, додека за панталоните потрошила 590 долари, што е нешто повеќе од 540 евра.

Кејт носела и брендирана чанта вредна околу 825 евра, додека за потпетиците „Џанвито Роси“ потрошила нешто повеќе од 550 евра. За обетките потрошила околу 65 евра, а многумина коментирале дека принцезата важи за една од најдобро облечените жени на светот.

Слични содржини