Стано: Ситуацијата на северот на Косово не е завршена, ЕУ работи на решавање на проблемот

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, денеска изјави дека кризната состојба на северот на Косово се уште не е завршена, но дека ЕУ работи максимално на решавање на проблемот.

„Она на што сме сведоци не дојде од никаде. Ова е последица на една поширока ситуација која трае извесно време и која ЕУ се обидува да ја реши. Според тоа, ситуацијата се уште не е завршена, не е решена, но ние даваме се од себе, вклучувајќи ги Борел, Лајчак… вклучени се сите претставници на институциите на ЕУ. Се прават напори двете страни да ја смират ситуацијата и да ги решат причините за проблемот“, рече Стано на прес-конференција.

Слични содржини