Стапува на сила новото законско решение: Судските такси се намалуваат за осум пати

од Берта Китинска

Судските такси од денеска се намалени за осум пати.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси граѓаните добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите.

„Судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000 денари. Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ.

Oваа вест на својот Фејсбук ја сподели и премиерот Зоран Заев.

„Од денеска судските такси се намалени до осум пати, со што овозможуваме правдата да е подостапна за граѓаните. Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот.

Луѓето на кои им беше потребна правда, поради високите трошоци често се откажуваа да ја бараат во судниците. Тоа ќе се промени, граѓаните ќе можат да стигнат полесно до правда. Она што го ветивме во Програмата за работа на Владата 2020-2024, го исполнуваме. Продолжуваме да работиме за да има правда достапна за секого и правна држава во која сите ќе бидеме еднакви пред законите“, напиша Заев.

Слични содржини