Старец обвинет за предизвикување пожар во радовишко

од Nikola Popovski

На 20.09.2023 во Полициската станица Радовиш бил извршен службен разговор со Ф.Б.(70) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 19.09.2023 во 17.00 часот предизвикал пожар на место викано „Раклишки чаири“, во атар на село Раклиш, радовишко, при што била опожарена сува трева, родни дрва и тополи.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема.

Во службен разговор Ф.Б. го признал делото и за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини