Старец удрен со автомобил, сторителот побегнал

од Nikola Popovski

Постар кумановец се здобил со сериозни повреди откако бил удрен од автомобил, информира МВР.

Немилиот настан се случил во текот на вчерашниот ден на крстосница од локален пат за с.Пчиња, ул.„Косовски бригади“ и крак од ул.„Тоде Думба“.

Според пријавеното во СВР Куманово, патничко возило удрило во пешакот Н.А.(82) од Куманово и го напуштило местото.

-Во несреќата, Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и за настанот бил известен Јавен обвинител, додаваат од полицијата.

Слични содржини