Стоев: Oд особена важност за Бугарија е европската интеграција на земјите од Западен Балкан

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев ги презентирал надворешно-политичките приоритети на Бугарија пред дипломатскиот кор.

„Тој ги истакнал двата главни приоритети во својата работа – организирањето на изборите надвор од границите на земјата и спроведувањето на главните надворешно-политички приоритети на Бугарија, имено приклучување кон еврозоната и Шенген зоната, како и пристапување на нивната земја во Организацијата за економска соработка и развој. Клучен приоритет во надворешната политика е европската интеграција на земјите од Западен Балкан“, објавила прес-службата на тамошното министерство за надворешни работи.

Сепак, пред претставниците на 83 земји и меѓународни организации, Стоев го повторил ставот во однос на нашата земја. Според него, поддршката на Бугарија за земјите од Западен Балкан е конзистентна и се заснова на клучни принципи за следење на критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја кандидат за членство, а Софија инсистира во Преговорачката рамка за Република Северна Македонија да се земат предвид и нејзините забелешки.

„Бугарија ќе продолжи да биде активен, сигурен и предвидлив партнер во Европската унија и НАТО“, потврдил Стоев.

Фото: БГНЕС

Слични содржини