Стојковски за спорот со Бугарија: Немаме многу време за да оставаме на случајност или на непотребни договарања

од Берта Китинска

Бугарија излезе со максималистички барања утврдени во Резолуција во бугарскиот парламент на која најчесто се повикуваат како на правна пречка за да согласат со било каква промена. Се додека не ја сменат или укинат резолуцијата не очекувам дека Бугарија ќе биде подготвена да преговара. На Петков му требаат тие шест месеци за да се подготви внатрешно. „Има таков народ“ многу агресивно истапуваше против. Не знам колку ќе биде прагматичен ако Петков се одлучи да ја укине резолуцијата може да дојде до проблем и за Петов и за Бугарија и да дојде нестабилност внатре во владата, анализира Андреја Стојковски, директор на Институтот „Преспа“ во разговорот за Утрински брифинг.

Тој смета дека има многу работи за кои објективно можеле да се договорат досега двете земји.

-Може да се покаже дека шест месеци ќе биде прилично долго време за преговори. Бугарија да се согласи со оние две утврдени мерки кои ги зборуваат за да можеме да ги отпочнеме преговорите. Ако Бугарија нема време да се подготвори внатрешно, ние ќе немаме време за преговори со ЕУ. Според мене најдобро е да се договорат коалициските партнери внатре во Бугарија за укинување на резолуцијата или за менување која ќе одговара на позициите на Петков, на пример дека двете држави ќе се обидат да ја јакнат соработката заради добрососедските односи, заради пријателството помеѓу државите и тоа нема да го попречува пристапувањето на државава во ЕУ. Консензус е начинот на одлучување на советот и тој нема да се промени и ќе го имаме уште 130 и незнам колку пати во текот на целото пристапување така што Бугарија ќе има објективна шанса да го блокира пристапувањето и во иднина. Ние реално немаме многу време за да оставме на случајност или на непотребни договарања, смета Стојковски.

Слични содржини