Столтенберг: Дополнителните сили на Косово не значат дека се откажуваме од политичко решение

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска најави дека испраќањето дополнителни војници на Косово „не значи“ дека алијансата се откажува од можно политичко решение на тензиите меѓу Белград и Приштина.

На маргините на дводневниот состанок на дипломатите на алијансата во Осло, тој пред новинарите изјави дека има забележително зголемување на тензиите на Косово и дека насилството врз КФОР, мировните сили на НАТО, е тотално неприфатливо.

„НАТО ќе остане буден. Ќе бидеме таму за да обезбедиме безбедна средина, како и да ги смириме и намалиме тензиите“, најави Столтенберг.

Слични содржини