Столтенберг ја остави отворена можноста неговиот мандат да биде продолжен

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја остави отворена можноста неговиот мандат да биде продолжен, откако високи претставници на земјите-членки на Алијансата отворено ја поддржаа идејата, вклучително и еден од неговите потенцијални наследници, пренесува „Ројтерс“.

Запрашан дали бил убеден да остане прв човек на воената алијанса за време на неговата посета на Вашингтон, Столтенберг рече: „Јас сум одговорен за сите одлуки кои треба да ги донесе НАТО, освен за оние за мојата иднина. Тоа треба да го решат 31 сојузник“.

Во септември, Столтенберг, поранешниот премиер на Норвешка, рече дека не бара уште едно продолжување на неговиот мандат, потсетува „Ројтерс“.

Говорејќи пред новинарите денеска на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Столтенберг инсистираше на тоа да остане така, но постојано одби да каже што би направил доколку членките на Алијансата побараат од него да остане генерален секретар.

Неговиот мандат му е веќе три пати продолжен и во септември треба да се пензионира по девет години како генерален секретар на НАТО.

Меѓутоа, според британската агенција, членките на Алијансата мака мачат да најдат наследник кој би можел да доведе до потребниот консензус на 31 членка.

Слични содржини