Столтенберг: НАТО нема да ѝ диктира на Украина како да преговара

од Stefanija Kuzmanovska

НАТО нема да ѝ диктира на Украина на кои услови треба да се согласи во преговорите со Русија, изјави генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг.

„Верувам во политичкото раководство во Украина, тоа треба да носи тешки одлуки. Ние не треба да одлучуваме или да имаме цврсто мислење за тоа што Украинците треба да прифатат, а што не. Треба да им помогнеме да го остварат своето право на самоодбрана“, рече Столтенберг во Вашингтон по разговорите со американскиот претседател Џозеф Бајден, пренесе РИА Новости.

Според генералниот секретар, конфликтите секогаш завршуваат на преговарачка маса.

Слични содржини