СТРАШНИ СЦЕНИ ПО ПОРАЗОТ: Навивачите на Англија ги навредуваа Рашфорд, Санчо и Сака на расна основа!

од Stefanija Kuzmanovska

Чекаа 55 години за фудбалски трофеј, но не го дочекаа. Тие сепак ќе треба да бидат трпеливи. Купот не се враќа дома, како што се надеваше англиската нација.

Кога големите очекувања не се исполнети, тие предизвикуваат големи разочарувања. Тагата на некои се претвори во гнев што беше насочен кон оние кои промашија пенали против Италија – Рашфорд, Санчо и Сака.

И тоа се манифестираше преку расни навреди упатени кон социјалните мрежи. Трагично.

– Санчо, Сака и Рашфорд се под расистички навреди. Затоа репрезентацијата на Англија ќе продолжи да клечи пред натпреварот. Твитер и Инстаграм мора да бидат значително побрзи за да се отстранат ваквите одвратни коментари од нивните платформи – напиша новинарот Хенри Винтер.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и Фудбалскиот сојуз на Англија ја осудија расистичката злоупотреба упатена кон Санчо, Рашфорд и Сака. Митрополитската полиција ги испитува навредите и се посочува дека „нема да се толерира“.

Премиерот Џонсон ја нарече злоупотребата „страшна“.

– Овој тим на Англија заслужува да биде пофален како херој, а не расно малтретиран на социјалните мрежи. Одговорните за оваа ужасна злоупотреба треба да се срамат од себе – рече Џонсон.

ФА не кријат дека се шокирани од расизмот на социјалните мрежи.

– Некој што стои зад ваквото одвратно однесување не е добредојден да го следи тимот. Ќе сториме се што е во наша моќ да ги поддржиме погодените играчи, истовремено барајќи најстроги можни казни за секој што е одговорен. Ние ќе продолжиме да правиме се што е во наша моќ за да ја исфрлиме дискриминацијата од играта, но бараме од владата да реагира брзо и да донесе соодветни закони за оваа злоупотреба да има вистински последици во животот. Компаниите за социјални медиуми треба да ја зајакнат, да преземат одговорност и да преземат мерки за забрана на сторителите на нивната платформа, да соберат докази што може да доведат до кривично гонење и да го поддржат ослободувањето на нивните платформи од овој вид ужасна злоупотреба – наведува ФА.

Слични содржини