Сунак: Путин треба да се соочи со нас и да стави крај на оваа варварска војна

од Nikola Popovski

Британскиот премиер Риши Сунак денеска најави дека излегувањето на Русија од Украина ќе ја направи „најголемата промена“ во економијата на светско ниво и повика на крај на кризата со жито.

Сунак рече дека рускиот претседател Владимир Путин требало да дојде и да се соочи со светските лидери.

Тој е убеден дека заминувањето на Русија од Украина ќе ја направи „единствената најголема промена“ во функционирањето на добар дел од светот.

На отворањето на самитот на индонезискиот остров Бали наместо рускиот претседател присуствуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во своето обраќање, британскиот премиер ја осуди инвазијата на Украина и таргетирањето цивили и ги предупреди светските лидери за заканата за меѓународниот поредок.

– Еден човек има моќ да го промени сето ова. Забележливо е дека Путин не се чувствуваше способен да ни се придружи овде – рече Сунак.

Британскиот премиер е убеден дека присуството на Путин можело да придонесе за „решавање на работите“.

– Затоа што најголемата разлика што некој може да ја направи е всушност излегувањето на Русија од Украина и крајот на оваа варварска војна – заклучи тој.

Слични содржини