Светските лидери на виртуелен самит за помош на Либан

од Vladimir Zorba

На иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и ООН, светските лидери ќе решаваат денес, на петтиот ден по катастрофалната експлозија во Бејрут, да соберат помош за Либан на видео самит.

Виртуелниот самит е закажан за денес во 14 часот, а американскиот претседател Доналд Трамп објави дека планира да се приклучи на разговорите.

Официјално се проценува дека експлозијата на 2.750 тони амониум нитрат во пристаништето во Бејрут предизвикала материјална штета од околу 15 милијарди долари, смрт на 158 лица, 5.000 повредени, па дури и 300.000 останаа без покрив над главата, пренесува BBC.

Вчера, неколку илјади луѓе излегоа на улиците на Бејрут во знак на протест против владата, а полицијата употреби солзавец кога демонстрантите почнаа да фрлаат камења и да ги оштетуваат зградите на либанските министерства.

Либанската влада ќе разговара за предлогот на премиерот Хасан Диаб за утре да распише предвремени избори.

Либан беше во длабока економска криза уште пред несреќата во Бејрут, а организираните антивладини протести избувнаа во октомври минатата година.

Слични содржини