СЗО: Бидете внимателни, короната станува премногу „паметна“

од Nikola Popovski

Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19, д-р Дејвид Наваро, апелираше до луѓето „да го почитуваат коронавирусот“ и изјави дека овој вирус постојано се развива и станува премногу „паметен“.

Во Велика Британија моментално доминантни се подсоевите на Омикрон BA.4 и BA.5, како и во сите земји каде што има зголемување на бројот на заболени.

Британскиот министер за здравство лорд Саџед Камал предупреди дека мерките за борба против коронавирусот може да бидат вратени доколку поголем број случаи вршат притисок врз здравствениот систем.

Наваро, еден ден откако бројот на починати од Ковид-19 надмина 200.000 во Велика Британија, за „Скај њуз“ изјави дека короната е способна постојано да се менува и да се развива.

„Причината поради која имаме зголемување на бројот на пациенти е тоа што вирусот се менува и станува премногу паметен за нас. Може да ја помине нашата имунолошка одбрана“, рече тој.

Зголемувањето на бројот на случаи придонесе и луѓето да почнат многу повеќе да се дружат и да не преземаат мерки на претпазливост, како носење маски, додаде Наваро.

„Моето предупредување до сите е да разберат дека вирусот не исчезнал. Иако во моментот не одзема толку многу животи, навистина е непријатно, особено ако заболете од продолжен ковид“, рече Наваро.

Слични содржини