СЗО не очекува промени во новата проценка на вакцината на „АстраЗенека“

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација (СЗО) очекува дека нема да има причина да се менува претходната проценка дека придобивките од вакцината на „АстраЗенека“ против КОВИД-19 надминуваат какви било ризици, изјави во вторникот регулаторниот службеник на СЗО Рожерио Гашпар.

„СЗО внимателно ги проучува најновите податоци, заедно со европските и другите регулатори, во врска со извештаите за згрутчување на крвта кај луѓето кои примиле вакцина на АстраЗенека“, рече тој на прес-конференција, јави „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Гашпар очекува регулаторот да направи нова проценка во среда или четврток, но не верува дека ќе има причина за промена на препораката дадена претходно, според која придобивките од користењето на оваа вакцина надминуваат какви било ризици.

Слични содржини