СЗО: Стапката на нови инфекции се приближува до рекорд

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на нови случаи на коронавирус неделно е скоро двојно зголемен во светот во изминатите два месеца и се приближува до највисоката стапка на инфекција во пандемијата досега, рече шефот на Светската здравствена организација (СЗО).

„Случаите (на инфекција) и смртните случаи се зголемуваат со загрижувачки стапки“, рече Тедрос Аданом Гебрејезус на брифинг фокусиран на Папуа Нова Гвинеја (ПНГ) и регионот на Западен Пацифик.

Шефот на СЗО рече дека е многу загрижен за ПНГ и дека е од клучно значење за земјата да прими што повеќе вакцини против ковид-19.

Нагол пораст

ПНГ потврди повеќе од 9.300 инфекции и 82 смртни случаи.

„Иако овие бројки се уште се пониски отколку во другите земји, зголемувањето е големо и СЗО е загрижена за можна многу поголема епидемија“, рече Тедрос.

Министерот за здравство на земјата, Јелта Вонг, рече дека е предизвик да се убедат луѓето да носат маски и да го отстранат неверувањето во самата болест, што може да го комплицира воведувањето на вакцини.

Официјални лица на СЗО соопштија дека три екипи за итна медицинска помош пристигнале во ПНГ оваа недела од Австралија, САД и Германија.

Слични содржини