Тачи: Овие избори се важни, тоа е војна за слобода без оружје за рамноправност

од Nikola Popovski

Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи вечерва оствари средби со граѓани во повеќе населени места во општина Брвеница. Тој порача дека е важно да се спроведат три големи мерки за надминување на состојбата со пандемијата по завршување на изборите.

-Мерки за справување со Ковид-19 се потребни во клиничката болница во Тетово која мора да добие барем 1 милион евра за да функционира како универзитетска клиничка болница и да го штити здравјето на Албанците. Секој член на семејство треба да добие по 100 евра итна помош за надминување на последиците од кризата. И трето, да се помогне секој од таксист и келнер, до големите бизнис, со помалку процедури, изјави Мендух Тачи во Челопек.

Тој истакна дека лесно е да се избере ДПА на изборите.

-Овие избори се важни, тоа е војна за слобода без оружје за рамноправност. Излезете од дома, понесете маска и пенкало, одете на избирачко место. Заокружете број 1 Мендух Тачи, Господ помогна да бидеме први на листата, истакна Тачи.

Пред присутните зборуваа и останатите кандидати за пратеници од општина Брвеница.

Слични содржини