„Тајмс“: Русите имаат црна листа за егзекуција… Две спортски легенди на Украина се на неа

од Vladimir Zorba

Русите се подготвуваат да убијат познати личности во Украина. Угледниот The Times пишува дека рускиот претседател испратил 400 платеници во Киев со задача да убијат 23 лидери на Украина. Меѓу нив се и две спортски легенди.

– Путин состави црна листа од 23 високи украински функционери и истакнати луѓе. Меѓу нив се и двајцата поранешни светски шампиони во бокс во тешка категорија, браќата Виталиј и Владимир Кличко. Тие се меѓу најомилените Украинци и станаа лице на отпорот на руската агресија и окупација на земјата. Виталиј е градоначалник на Киев осум години, а доброволното приклучување на Владимир во украинската армија со цел да ја брани татковината доби огромен публицитет во светот.

Нивниот пример го следеа уште двајца големи украински боксери, Васил Ломаченко и Олександр Усик, кои веќе ја бранат Украина. Прославените браќа прават голема пропаганда за Украина и се нејзин светски симбол, па се високо на листата на Путин за егзекуција – пишува Би-Би-Си.

Слични содржини