Тајна акција на Германија: Уништени 150-метарски кули на поранешна нуклерна централа (видео)

од Nikola Popovski

Двете кули за ладење на поранешната нуклеарна централа „Филипсбург“ во југозападна Германија биле уништени во контролирана експлозија утрово.

Кулите на високата централа „Филипсбург“ високи 150 метри се урнале по детонацијата со експлозив, поставен до нивното подземје.

Рушење од овој тип обично привлекува голем број на гледачи, меѓутоа овој пат заради епидемијата на коронавирусот, било одлучено тоа да пројде без публика.

Реакторите на електраната „Филипсбург“ биле затворени во 2011 и 2019 година, како дел од планот на Германија да престане да користи и произведува нуклеарна енергија.

Крајот на ерата на нуклеарната енергија во Германија се очекува во 2022 година, кога ќе биде исклучен последниот реактор во таа земја.

Слични содржини