ТАЛИБАНЦИТЕ ОТВОРИЈА ОГАН кон учесници на протест, има жртви (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Талибанците пукале врз демонстрантите на протестот одржан во знак на поддршка на официјалното знаме на Авганистан во Џалалабад.

Според првите снимки, група луѓе биле застрелани во Џалабалад, кои широко развиле големо авганистанско знаме. На социјалните мрежи се наведува дека не биле поштедени ниту новинарите, кои биле претепани.

Според непотврдени информации, две лица загинаа, а најмалку 12 се повредени.

Синиќа група жени излегоа на првиот јавен протест во Авганистан, барајќи почитување на нивните права, вклучувајќи ја и социјалната сигурност, правото на работа, образованието и учеството во политичкиот живот.

Овие протести се првите знаци на бунт против Талибанците.

Слични содржини