Taткото на Бијонсе со музика за Дестинис Чајлд

од Vladimir Zorba

Метју Ноулс, таткото на Бијонсе, објави дека ќе направи музика за Дестинис чајлд. Неговата главна цел е да се претстави на Бродвеј и други популарни сцени.

“Чувствувам дека е време да му дадам можност на светот да ги чуе, види и почувствува победите и неуспесите кои сум ги имал како сопруг, татко и менаџер”, рече тој и истакна дека секогаш ризикувал сè за да ги оствари своите соништа.

Ноулс истакна дека ќе ја претстави групата во која неговата ќерка учествува и од неговото гледиште.

Продуцентот планира да ги прикаже етапите низ кои трите девојки поминале за да го покажат и нивниот успех на сцената и тешкотиите со кои се соочуваат.

Метју Кнулс е продуцент на Бијонсе на почетокот на нејзината кариера. Во 2011 година, таа најави дека повеќе нема да ѝ биде менаџер. “Тој е татко ми за цел живот. Го сакам толку многу. Му благодарам на сè што ме научи “, рече пејачката.

Се очекува мјузиклот да биде претставен за прв пат во родниот град на Бијонсе – Хјустон, во 2020 година. Токму таму е создадена групата во 1990 година. Тогаш Бијонсе е едвај 9-годишна и пее со своја пријателка. Подоцна таа, Мишел Вилијамс и Кели Роланд дебитираат со албум, кој излегува во 1997 година. Оттаму почнуваат нивните успеси.

Слични содржини