ТАВ Македонија: Два лета беа откажани на Меѓународниот Аеродром Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

Од 8 часот наутро до 11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла. Очекуваме подобрување на временските услови после 12 часот напладне, наведуваат од ТАВ Македонија.

За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време, како што ги добиваме во нашите системи.

За итни информации, патниците можат да се јават на Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, додаваат оттаму.

Слични содржини